Потребен е јунак кој ќе ја спаси Доброландија од темните облаци на зависта и себичноста! Испратете ги децата во незаборавна авантура, во која ќе научат дека добрината е најмноќната алатка за да се промени светот.
Тврда корица: 1690 ден
Мека корица: 1190 ден
📚 Персонализација од прва до последна страница
🗒️ Лична посвета
📕 26 страници, тврда и мека корица
🚚 Најдоцна во период од 7 работни денови
Одберете го бројот на главни јунаци во книгата (1-3 деца)
Впишете ги нивните имиња
Креирајте ги во согласност со нивните физички карактеристики (пол, боја на коса и очи, тип на фризура и опција за очила)
Впишете ја Вашата лична порака во полето за посвета
Одберете го типот на корицата на книгата (тврда или мека)
Во оваа авантура децата одат на мисија да ја спасат Доброландија. Врз овој свет натежнале темните облаци на зависта и себичноста кои ги направиле неговите жители несреќни и злобни. Децата – јунаци, со помош на светлината на добрината ќе успеат да ги избркааат облаците и да го променат светот! Во оваа книга, децата ќе научат дека добрината е најмоќната алатка која е заразна и лесно се шири. Доволно е да започне од едно дете кое прави добри дела, за да се прошири од еден на друг и на крај – низ планетата цела.
А4, landscape
26 страници
Тврда и мека корица
Врвен квалитет на хартија и печатење
Од денес па натаму, во главчињата нека ви свири, добрината е заразна и лесно се шири. Доволно е да започне од едно дете кое што прави добри дела, па да се прошири од еден на друг и на крај - низ планетата цела!