Правила и услови на користење

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Наведените Услови за онлајн купување се применливи исклучиво за корисниците на нашата веб страна, при користењето и купувањето на производи преку нашата интернет продавница.

Ве замолуваме да ги прочитате внимателно нашите Услови за онлајн купување.

Од Вас ќе биде побарано да дадете согласност дека сте се согласиле со наведените Услови за онлајн купување пред да ја финализирате Вашата нарачка и да го извршите плаќањето за купување на производ од нашата веб страна.

Со самото извршување на нарачка на производи од нашата веб страна и купување на производите од нашата интернет продавница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со нашите Услови за онлајн купување.

Правила и услови при извршување на нарачката

Понудените производи на нашата веб страна претставуваат “покана за склучување на договор за купопродажба” а Вашата нарачка на производи претставува договорна понуда. Ниеден договор нема да стапи на сила помеѓу нас и Вас како купувач, доколку не е во согласност со Условите за онлајн купување опишани подолу.

За да можете да го извршите процесот на нарачка на нашата веб страна, неопходно е да бидете регистрирани на истата. Вашата регистрација ќе може да ја направите со е-маил регистрација, фејсбук регистрација или гоогле регистрација.

За да склучите договор за купување на производи од нас, ќе треба да ги преземете следниве чекори:

  1. Одберете го посакуваниот производ кој сакате да го купите и додадете го во Вашата кошничка
  2. Персонализација на главниот јунак:
  • наведете го името на Вашето дете
  • одберете ги неговите физички карактеристики – облик и боја на коса и боја на очи
  1. Можност за проверка на Вашата нарачка.

Доколку идентификувате некакви грешки при внесувањето на податоците од Ваша страна при процесот на нарачка, преку увид во содржината на нарачката, Вие ќе можете да извршите исправка на погрешно внесените податоци преку ажурирање на податоците во нарачката;

  1. Нарачај
  2. Потврдување на направената нарачка

Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање.

  1. Плаќање

Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од Стопанска Банка А.Д. Скопје.

Ви гарантираме сигурност при плаќањето и заштита на Вашите лични податоци.

  1. Конфирмација за направена нарачка

Откако ќе се изврши проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние Ве информираме преку е-маил (адреса за е-пошта) со испраќање на официјална потврда за нарачката или пак ќе Ве известиме преку е-маил (адреса за е-пошта) доколку нарачката не може да се процесира, при што ќе Ви биде вратен на сметка целокупниот износ кој сте го платиле.

Дополнително, Вие би можеле да бидете исконтактирани и на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.

  1. Испорака на Вашата нарачка

Испораката се врши најдоцна во период од 7 работни денови.

Од наша страна нема да Ви биде доставуван примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со Вашата нарачка.

Ние го задржуваме правото да може да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата веб страна. Затоа, Ви препорачуваме да ја преземете, испечатите и да задржите копија од овие Услови за онлајн купување за Ваша евиденција.

Цена на производите

Цените на нашите производи се истакнати на нашата веб страна.

Вие ќе имате дополнителен трошок од веќе истакнатите цени на производите на нашата веб страна, за трошокот за испорака кој е истакнат одделно под цената на производот за плаќање.

Плаќањето се извршува по комплетирањето на Вашата нарачка. Ние може да ги задржиме производите и/или да го раскинеме договорот помеѓу нас ако Вашето плаќање не е извршено во целост.

Плаќањето за сите производи мора да се реализира согласно правилата и условите за користење на нашата веб страна.

Цените на производите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на договорите кои се веќе стапени во сила.

Начин на предавање/прием на нарачката

КИДЛИНГ Ви нуди Вам еден начин за предавање/прием на направените онлајн нарачки.

  1. Испорака на нарачката до назначената адреса за испорака при креирање на нарачката

За испораката на нарачката до назначена адреса за испорака, Вие ќе имате дополнителни трошоци за плаќање освен истакнатата цена на производот на нашиот веб сајт. За испорака на нарачката, Вие самите го сносувате трошокот за транспорт што ќе биде истакнат дополнително под цената на производот.

За испорака на нарачката до назначена адреса, Ве замолуваме подетално да ги прочитате правилата и условите за испорака.

Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведена во Вашата нарачка.

Ние ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите во рок на испорака наведени на самиот производ на нашата веб страна, сметано од нашата потврда на Вашата нарачка.

Ризик и сопственост

Од моментот на испорака, производите ќе бидат на Ваш ризик. Сопственоста врз производите преминува на Вас откако:

  1. производите ќе се испорачаат; и
  2. целосна исплата на сите суми во однос на производите (вклучувајќи ги и трошоците за испорака).

Враќање, рефундирање и замена

Не вршиме поврат на веќе испорачаните нарачки и рефундирање на средства по извршената испорака.

Производите може да бидат вратени до нас или средствата рефундирани единствено доколку производите при приемот на нарачката, имаат некакви евентуални оштетувања. Доколку нарачката е испорачана оштетена, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка.

Ваши гаранции

Вие ни гарантирате дека:

  1. Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;
  2. Информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и
  3. Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.

Обештетување

Вие ќе ни ја надоместите штетата и се обврзувате да ни ја надоместите штетата настаната од сите или било која обврска, загуба, штета, трошоци (вклучувајќи и правни трошоци и износи платени при спогодба на било чие барање, тужба или барање) настаното, директно или индиректно поради Ваша повреда на некоја од Вашите обврски според овие Услови за онлајн купување.

Виша сила

„настан на виша сила“ значи:

  1. секој настан кој е вон разумна контрола;
  2. недостапноста на суровини, делови на производите; и/или
  3. прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.

Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн купување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.

Доколку ние станеме свесни за случај на виша сила која доведува до, или што е веројатно да предизвика, било неуспех или при извршување на нашите обврски во рамките на овие Услови за онлајн купување, ние ќе Ве известиме веднаш.

Ние ќе преземеме разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.

Ограничувања на одговорност

Ништо во овие услови на продажба нема да ја ограничи или исклучи Вашата или нашата одговорност за:

  1. смрт или лична повреда предизвикана од невнимание;
  2. измама или лажно претставување или
  3. било која состојба која е незаконски да се ограничи или исклучи или настојува да се ограничи или исклучи одговорноста.

Откажување на Договор

Ние можеме да го откажеме договорот за снабдување на производи склучен во согласност со овие Услови за онлајн продажба веднаш со писмено известување до Вас, ако Вие не го исплатите на време и во целост, кој било износ кој ни го должите врз основа на било кој договор, или пак доколку направите било каков материјален прекршок на вашите обврски врз основа на било кој договор;

Последици од откажувањето

По откажување на договорот согласно Член 13 ќе престане нашата обврска да ги доставиме нарачаните производи кои се недоставени во моментот на откажување.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА КИДЛИНГ, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

ПРАВИЛА  И УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Купувањето преку нашата веб страна може да го реализирате од било кој дел на светот, но испорака на нарачките се врши само на територија на Република Северна Македонија, на конкретната адреса дефинирана од страна на Купувачот при креирање на нарачката.

Примател на нарачката може да биде:

  • лицето со својство на Купувач (име и презиме и адреса за испорака на Купувачот),
  • или пак доколку сакате да ги изненадите Вашите блиски можете да ја назначите доставата до нивната адреса, при тоа наведувајќи го нивното име како примач на нарачката и нивната адреса како адреса за испорака.

Испораката на нарачките треба да е извршена во период од најмногу 7 работни денови по извршената нарачка.

Купувачот е должен при приемот на нарачката, истата да ја провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку нарачката е испорачана оштетена, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка.

Доколку нарачката не е доставена во период од најмногу седум работни денови купувачот е должен во рок од два дена да го исконтактира КИДЛИНГ и да го пријави случајот.

Во спротивно доколку КИДЛИНГ не е искомунициран од страна на купувачот за неизвршена испорака по однапред дефинираниот најдоцен рок од седум работни дена за испорака не сносува никаква понатамошна одговорност и има потполно право да го задржи производот, без да изврши поврат на средствата.

ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИ

За било какви информации и прашања во врска со реализација на интернет продажбата и испораката на нарачките може да не исконтактирате на телефонскиот број 071 295 260, кој е достапен секој работен ден во периодот од 09:00 часот до 18:00 часот или можете да не искомуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@kidling.mk