Со нашата Политика на приватност на веб страната на КИДЛИНГ – www.kidling.mk, ќе Ви ги појасниме начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците на сите регистрирани купувачи на нашата веб страна.
Политиката на приватност на КИДЛИНГ е применлива исклучиво за корисниците на нашата веб страна. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност. Доколку не се согласувате со некоја точка од нашата Политика на приватност, Ве замолуваме да не ја користите нашата веб страна.
Посетата на нашата веб страна е анонимна. КИДЛИНГ ги собира личните информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги споделат нивните податоци со нас преку регистрација на нашиот веб сајт за да извршат купување од нашата интернет продавница.
По извршена регистрација на нашата веб страна за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете при регистрацијата, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да бидат објавени, продадени или доставени на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
КИДЛИНГ го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Веб страната на КИДЛИНГ ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Стопанска Банка АД Скопје со цел наплата на нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска Банка АД Скопје. Терминалот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги преземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
КИДЛИНГ го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на веб страната.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната мејл адреса: info@kidling.mk
Нашата веб страна може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство.
„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.
Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.