За нас

Кидлинг е прв македонски стартап кој произведува персонализирани книги за деца и возрасни.

Овој тим составен од тројца млади ентузијасти има мисија да ја заскокотка имагинацијата на малечките, но најголеми сонувачи - децата (или оние кои одбиваат да пораснат!)

Од 2019 година, нашите персонализирани производи имаат израдувано повеќе од 5000 деца и возрасни и предизвикано илјадници насмевки и солзи радосници.

Сметаме дека е важно, уште од најрана возраст - во детските главчиња да се засадат клучните животни вредности и поттикнат љубопитноста, фантазијата и креативноста.

Елементот на персонализација ги прави децата порецептивни на содржината на приказните, ги потикнува да градат самодоверба и ја зголемува нивната желба за читање.

Визијата на Кидлинг е стимулирање на децата, како и родителите, да поминуваат квалитетно време заедно преку патување во светот на фантазијата кој се крие низ шарените страници од книгите.

Нашите книги остануваат да живеат во срцата на малите (и големи) читатели, засекогаш!