Персонализирај Дете 1



Персонализирај Дете 2



Персонализирај Дете 3



Во оваа авантуристична, персонализирана книга, Вашите деца одат на авантура за да ја спасат Доброландија. Врз овој свет натежнале темните облаци на зависта и себичноста кои ги направиле неговите жители несреќни и злобни. Вашите деца – јунаци, со помош на светлината на добрината ќе успеат да ги избркаат облаците и да го променат светот! Идејата е да ги научиме децата, уште од најрана возраст, дека добрината е најмоќната алатка и дека е заразна и лесно се шири. Доволно е да започне од едно дете кое прави добри дела, за да се прошири од еден на друг и на крај – низ планетата цела.
Главните јунаци во оваа книга се токму Вашето деца. На нашата веб страница, Вие го одбирате името и физичките карактеристики на секое дете (обликот и бојата на фризура и бојата на очи).
Исто така, Вие имате можност и да напишете лична посвета која ќе се најде на првата страница од оваа книга.
Оваа книга е погодна за братчиња, сестричиња, роднини или другарчиња. Подарете им книга на која ќе се радуваат и ќе ја чуваат засекогаш!
А4 landscape, 26 страници, тврд повез
Тврда Корица 1,590.00 ден