Персонализирај





Креативноста кај луѓето се развива уште од најмали нозе, преку различни активности кои ја стимулираат и поттикнуваат, а одличен пример за тоа се цртањето и боењето. Затоа, Кидлинг создаде персонализирана боенка, во која дечињата ќе ги бојат четирите годишни времиња.
На нашата веб страница, Вие го одбирате името и физичките карактеристики на Вашето дете (обликот и бојата на фризура и бојата на очи), како и месецот во кој е родено.
Потоа, самите тие во улогата на главениот лик во боенката – тргнуваат на едно волшебно патување низ дванаесетте месеци! Патувањето е проследено со многу интересни елементи за боење, како и сцени во боја и песнички за секое годишно време. Едукативната страна на нашата боенка беше нашиот најголем приоритет, па така создадовме нешто со кое дечињата имаат можност вистински да учат и истовремено – да се забавуваат!
Формат: А4 (портрет), 24 страници од кои 8 во боја, 4 оригинални песнички, 4 годишни времиња и 12 месеци. Едукативна содржина. Персонализација од прва до последна страница