2026 НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА ВАШАТА ФОТО-КНИГА
2026 низ страниците на Вашата фото-книга. Одберете 24–30 фотографии што најдобро ја опишуваат годината што помина — патувања, обични денови, луѓе и случки што Вие би ги издвоиле. Додадете натпис на корицата и лична посвета. Останатото е во фотографиите.
Тврда корица: 1790 ден
1 ФОТОГРАФИЈА = 1000 ЗБОРОВИ; 1 КНИГА СО ФОТОГРАФИИ = БЕЗБРОЈ ЕМОЦИИ
-ви препорачува Кидлинг
Насловот „2026 ЗА ПАМЕТЕЊЕ“ и дизајнот на корицата остануваат исти.
Формат: 21 × 23 cm, вертикална ориентација. Се изработува само со тврда корица, со висококвалитетна хартија и печатење. Има 24 страници за фотографии; корицата и посветата се дополнителни.
За најдобар резултат препорачуваме 4:5 вертикални фотографии, како фотографиите за Instagram објава. Користете фотографии со добра резолуција.
Важно – дополнителни фотографии. Фото-книгата содржи точно 24 страници за фотографии, независно дали ќе изберете 24 или 30 фотографии. Ако изберете повеќе од 26 фотографии, секоја дополнителна фотографија по 26-тата се распоредува со уште една фотографија, по две на страница во хоризонтален (landscape) распоред. Распоредот на сите фотографии се приспособува на фиксните 24 фото-страници.
Фотографиите се прикачуваат по плаќањето, на страницата на Вашата нарачка (полето ФОТОГРАФИИ).