Сте помислиле ли некогаш дека Вашата мајка е толку супер-мајка што заслужува признание?! Или пак Вашата супер-баба, тетка, пријателка…? Во духот на 8ми Mарт и со сите супер-жени како инспирација, добивме идеја да помогнеме во мисијата – секоја жена да добие признание за тоа што е!
Впишете го името на жената на која се доделува признанието, Ваша порака за тоа зошто ја заслужува, како и кој ја доделува.
Без разлика дали преку признание, друг ваков симболичен гест или преку убав збор, дадете им до дознание на жените во Вашиот живот дека она што се и она што го прават – никако не останува незабележано.
А4 landscape