fbpx

Providence

490.00 ден

Романот „Providence“, е урбана фантазија, напишана на англиски јазик , во која историјата и митот се претопуваат во сегашниот свет.

Атипично прераскажување на епот за Гилгамеш, во кој ликови од модерното време имаат средби и авантури со истакнати личности од историјата.  Древниот еп е само основниот двигател на наративното дејство, бидејќи во него имаме една современа кибер-борба, видео игра преточена во проза, смел потфат на еден млад човек, кое се охрабрува и срочува роман на немајчин, англиски јазик. Во романот среќаваме македонско семејство со историјат на магови, практикувачи на мистична уметност, од дедо на внук, обично пренесувајќи го знаењето на најстарото дете, обучено да стане волшебник кој еден ден ќе учествува во „Ловот на лисици“, и претставувајќи го семејството ќе се обиде да постигне победа со цел да го добие престижниот „Медалјон на лисицата“. Но тој ритуал е ужасно искуство кое се појавува еднаш во педесет години. Тоа е битка меѓу седум добро подготвени волшебници кои повикуваат седум Аватари, ликови од митови и фолклори или значајни луѓе низ историјата, кои им помагаат во освојувањето на победата. Тоа е застрашувачко бојно поле каде што луѓето ја покажуваат својата себична природа и се подготвени да ја надминат секоја морална граница за да постигнат победа и да станат волшебници.

А5 portrait, 470 страници, мек повез

Additional information

Тип на дело

Роман

Жанр

Фантазија

Јазик

Англиски јазик