Персонализирај



Во оваа авантуристична, персонализирана книга, Вашето дете оди на авантура за да ја спаси Доброландија. Врз овој свет натежнале темните облаци на зависта и себичноста кои ги направиле неговите жители несреќни и злобни. Вашето дете – јунак, со помош на светлината на добрината ќе успее да ги избрка облаците и да го промени светот! Идејата е да ги научиме децата, уште од најрана возраст, дека добрината е најмоќната алатка и дека е заразна и лесно се шири. Доволно е да започне од едно дете кое прави добри дела, за да се прошири од еден на друг и на крај – низ планетата цела.
Главниот јунак во оваа книга е токму Вашето дете. На нашата веб страница, Вие го одбирате името и физичките карактеристики на Вашето дете (обликот и бојата на фризура и бојата на очи).
Исто така, Вие имате можност и да напишете лична посвета која ќе се најде на првата страница од оваа книга.
Подарете му на Вашето дете, книга на која ќе се радува и ќе ја чува засекогаш!
А4 landscape, 26 страници, тврд повез
Тврда Корица 1,590.00 ден