Кидлинг е македонски стартап составен од млади ентузијасти. Воден од љубов и емпатија, овој тим на сонувачи е со мисија да ја заскокотка имагинацијата на малечките, но најголеми, колеги сонувачи – децата!

Важно е, уште од најрана возраст, во детските главчиња да се засадат клучните вредности кои ќе цветаат засекогаш под широкото небо на нивната фантазија и креативност. Книгите се клучни во поттикнувањето на љубопитноста и се инспирација за децата да тргнат во сопствената животна авантура.

Елементот на персонализација се состои во тоа што секое дете е главниот јунак во книгата. На овој начин, децата се порецептивни на клучните поуки од приказната, градат самодоверба и видно се замислуваат себе во свет каде што ништо не е невозможно.

Визијата на Кидлинг е стимулирање на децата, како и родителите, да поминуваат квалитетно време заедно преку патување во светот на фантазијата кој се крие низ шарените страници. Книгите на Кидлинг отпочнуваат традиција на читање во магична атмосфера која ќе се пренесува со генерации.

Нашите книги остануваат да живеат во срцата на малите читатели, засекогаш!